Билтен на СВР Охрид- Србинка физички нападнала 42-годишна охриѓанка, Жена од Мислодежда пријавила дека поранешниот сопруг физички го нападнал и барал пари од нивниот малолетен син

- Локални
713

На 24-ти септември 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 43-годишна жена од Република Србија која се сомничи дека околу 08:00 часот физички нападнала 42-годишна охриѓанка пред угостителски објект во Охрид, во кој работела.

– Таа била задржана во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 25-ти септември 2023 година, во 01:45 часот во Полициската станица Струга, 35-годишна жена од струшкото село Мислодежда, пријавила дека околу 00:40 часот нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивниот малолетен син и му барал пари.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари