ВК Црн Дрим-Струга освои првото место во севкупниот пласман на Меѓународната регата во Пловдив

- Локални
625

Веслачкиот клуб Црн Дрим – Струга изминатиот викенд (23 и 24.09.2023 год.) учествуваше на познатата Меѓународна регата во Пловдив , Бугарија каде покрај нашиот претставник учествуваа и екипите на ВК Палич од Србија , ВК Черпоков Пловдив , ВК ЦСКА Софија , ВК Хеброс Пловдив , ВК Бургас и домаќинот и организатор на оваа регата ВК Тракија Пловдив .

Македонскиот претставник ВК Црн Дрим оствари фантастични резултати и го освои првото место во севкупниот пласман .

-Ана Прентоска го освои првото место во дисциплината скиф пионерки , а во дисциплината скиф кадетки заврши како втора -Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф јуниорки -Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки -Леон Шутиноски и Андреј Симоновиќ го освоија првото место во дисциплината дубл кадети -Цвете Димоски и Вања Кукунеш го освоија второто место во дисциплината дубл пионери.

Кристијан Китаноски го освои второто место во дисциплината скиф јуниори -Александар Хиохи го освои четвртото место во дисциплината скиф пионери  .

,,Со настапот на регатата во Пловдив успешно ја завршивме оваа сезона и ги потврдивме одличните резултати кои ги остваривме оваа година ” изјави претседателот на ВК Црн Дрим , др.Здравко Голабоски.

Струшките веслачи на оваа регата беа предводени од тренерите Игор Скепароски и Никола Мариноски и тим менаџерот Коста Хиохи.

Strugaonline

Facebook Коментари