Деветгодишниот Јован Kутаноски од Струга стана Балкански првак во акватлон

- Локални, Спорт
2129
На Балканското првенство кое на 23-24 септември се одржа во Бар, Црна Гора малиот Јован Кутаноски  поддржан во нашата кампања „Вложуваме во млади таленти“, успеа да се закити со златен медал во својата категорија. -информираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).
-Посебно сме горди на одличните резултати на Јован и му посакуваме бројни успеси во следните предизвици! Достигнувањата на Јован не мотивираат да продолжиме со нашите активности за општествена одговорност кои креираат позитивни промени во заедницата.-велат од АСОМ.
Strugaonline
фото: AСОМ ФБ

Facebook Коментари