Филмот ,,Нешто слатко“ вечерва пред охридската публика

- Локални
371

Романтичната комедија „Нешто слатко“ во режија на Тин Водопивец вечерва ќе се прикажува во Охрид.

– „Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него, е кратката содржина на филмот.

Настапуваат актерските ѕвезди Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова- Периќ во ликот на Каја.

Филмот во Охрид ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот, а цената на билетите е 150 денари.

Facebook Коментари