Учениците од Основното музичко училиште Струга од Класата кларинет на Проф.Мухамет Реџепоски, Бендот на Александар Хиохи- Георгина Јанкоскa и Величе Затуроски, во центарот на Струга одржаа хуманитарен концерт за семејство од Струга на кое му е потребна помош.
Организатор на концертот беше професорот Реџепоски кој вели дека има цел да направи спој на музиката и хуманоста.
,,Мојата идеја и цел е секогаш мојата професионална музичка деојност и сето она што учениците го учат од мене, да ја споделам со публиката, односно љубителите на музиката, а кога тоа има хумана цел сум уште посреќен, затоа што секогаш треба да помагаме таму каде што има потреба.“ -изјави Реџепоски за Strugaonline.
Toј ирази благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во организацијата- Професорот Коста Хиохи, гостинот од Тетово, професор Бобан Илиевски, техничка реализација Ристе Митрески, Сејхан и Анита Незироски, Арбен Шира, Мухамед и Црвен крст Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари