РК Струга го совладаа Аеродром и се многу блиску до плеј-офот

Екипата на Струга на гостувањето во Скопје кај Аеродром запиша важен триумф од 31:25 во натпревар од 7. коло од суперлигашката конкуренција. Клучен момент за победата на Струга беше периодот од 40 до 50 минута кога беше скршен отпорот на домаќинот, кој се покажа во солидно светло во првото полувреме, но во вториот дел пресуди големото искуство на гостите.
Струга со новите освоени бодови веќе се наоѓа со една нога во плеј-оф фазата, сега на свое конто има 12 бодови.
StrugaOnline

