Билтен на СВР Охрид- На Ќафасан лишени од слобода французи за поседување марихуана, приведен охриѓанец за агресивно однесување

- Локални, Хроника
1402

На 14.10.2023 во 12.10 часот на Граничен премин „Св.Наум”, полициски службеници ги лишија од слобода И.П.Р.В.Ф.(19) и Б.Т.А.А.(41), двајцата од Франција. При преглед во патничкото возило „рено твинго” со француски национални ознаки, кое го управувал И.П.Р.В.Ф., а сопатник бил Б.Т.А.А., била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2023 година во 23.50 часот, на улицата „Даме Груев” во Охрид, приведен е В.Ѓ.(43) од Охрид заради агресивно однесување кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид фото: архива
StrugaOnline

Facebook Коментари