Солидната прва четвртина и егал второ полувреме не можеа да ја надоместат лошата втора четвртина, па екипата на ЖКК Струга 2009 загуби од екипата на МЗТ со резултат 49:77 (17:25;06:27;13:14;13:12).
Мазук постигна 24п 7скок 4асистенции, Модева 10п 17скока 2 блока, Зендели 8п, 5 скока,6 асистенции, Муртезаи и Хиса по 3п. Кај гостите најдобрите беа: Томас 26п и Џефрис со 23п.
Јуниорките доживеа резултатска катастрофа во првото коло на јуниорска лига Бадел – Струга 2009 104:26.
,,Честитки на екипа на Бадел,агресивна игра по целиот терен сите 40 минути. Го искористија фактот дека ние синоќа во 18ч го завршивме нашиот натпревар од сениорска лига. Бевме многу лоши,ама мислам дека можеме да извлечеме доста поуки и да се подготвиме што подобро за следните натпревари.“-изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Во овој натпревар Синикоска постигна 10п, Хиса 9п, Крацоска 4п и Алексиеска 3поени.
Пионерки забележеаа втора победа, Струга 2009 – Декса Прилеп 73:27
Милчин постигна 21п Даути,Дукоска и Ложанкоска по 10п, Зиба 8п, Таранеши 6п Фејзулаи 3п Ѓуроска и Стеблева по 2 поени.
Strugaonline
Facebook Коментари