Во Охрид денес прва конференција за патна инфраструктура: Искуства, предизивици и перспективи
Охрид денеска ќе биде домаќин на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи.

Конференцијата е во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали при македонската Стопанска комора, во соработка со Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта.
На отворањето на конференцијата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми и претседателот на Стопанската комора на Република Македонија Бранко Азески.
StrugaOnline

