Пуштен во употреба патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан

Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, чинеше скоро 8 милиони евра, премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.
„Веќе активно се реализира и договорот за изградба на автопатските делници од Коридор 8 и 10 д, кои ќе дадат комплетна нова слика во модерна и нова патна мрежа во земјава. Ова е најголемиот, најзначајниот капитален проект и ние како Министерство заедно со ЈП за државни патишта сме силно сконцентрирани за навремена реализација и изградба и на овие автопатски делници. Европската иднина на земјава е загарантирана и затоа ни се потребни нови квалитетни патишта заради подеднаков развој на сите региони”, рече министерот.

Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, рече дека претпријатието ќе продолжи интензивно и посветено да работи на реализација на најголемиот инвестициски циклус во државата.
„Реализацијата на овој проект е пример дека може и треба да се гради според динамиката која претходно е воспоставена, односно може и ќе се гради навремено, брзо и квалитетно”, рече Рустеми.

