Синоќа во Киев, Украина се одржа првата полуфинална вечер од 62-то издание на Евровизија, фестивал кој ја бира најдобрата песна во Европа, а ќе трае до 13 мај за кога е закажено големото финале. Во 2004-та година за прв пат на Евровизија беа воведени квалификации така што веќе тринаесет години не секоја земја има можност да настапи во големото финале на најпопуларниот европски музички фестивал. Од пррвата полуфинална вечер, преку телефонско гласење беа одбрани првите 10 земји кои ќе бидат дел од финалето, а тоа се: Грција, Австралија, Молдавија, Азербејџан, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Кипар и Белгија.
Втората полуфинална вечер е закажана за утре 11 мај, кога настапува и нашата претставничка Јана Бурчевска со песната „Dance alone“
Facebook Коментари