Село во Италија нуди 2 000 евра награда, за сите кои ќе се доселат таму

- Занимливо
1025

Раководството на селото Бормида во Италија пронајде креативен начин да го зголеми бројот на жители во селото, односно да го спречи претворањето на ова место во „село на духови“.

Секој кој  ќе се пресели во Бормида, кој е на само 420 метри надморска височина во регионот Лигурија во западниот дел на Италија, ќе добие награда од 2 000 евра, а ќе плаќа кирија од околу 50 евра. Бормида во моментов има околу 394 жители.

Иницијативата ја започнал Даниел Галијано откако бројот на жители во селото последниве години драстично се намалил.  Младите луѓе заминувале од Бормида за да најдат подобра работа во најблискиот голем град Савона или подалеку.

Конечните детали за понудениот износ на пари, допрва треба да се утврдат и одобрат од страна на локалното собрание, но ако се оди според планот следната година секој кој што сака да живее во изнајмен или сопствен дом во Бормида ќе добие 2.000 евра.

Facebook Коментари