Време-Променливо облачно со сончеви периоди, попладне врнежи од дожд

- Македонија
443

Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 14 до 18 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари