Билтен на СВР Охрид: Полицијата во Охрид пронајде кокаин кај жител на БИХ, приведен жител од Долно Лакочереј, полицијата кај него пронајде марихуана

- Локални
576

На 25.11.2023  во 23.45 часот, во СВР Охрид, приведен е А.Н.(36) од охридското село Долно Лакочереј. При преглед во неговиот автомобил „рено”, извршен на улицата „Живко Чинго” во Охрид, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2023 во 02.10 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е И.Б.(29) од Босна и Херцеговина, кај кого полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари