Продолжува потрагата по Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот

- Македонија
469

Поминаа повеќе од 48 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска oд Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи претходно објавија фотографија и опис за Вања во регистарот на исчезнати лица и потенцираат дека се активно вклучени во потрагата веднаш по добивањето на пријавата за изчезнувањето на девојчето. На нејзино пронаоѓање интензивно работи посебен тим формиран од страна на СВР Скопје.

– Вања Ѓорчевска, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар Скопје.Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон „Ајфон“, пишува во објавата на МВР.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографија од Вања и молби за споделување за да се најде што побрзо.

Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица, или на телефонскиот број 112.

Според официјалните податоци од МВР, во последните три години (од 2020 до 27.10.2023) биле исчезнати 74 малолетни лица. Од нив, 65 се пронајдени. Девет деца уште се водат како исчезнати.

Facebook Коментари