29-ти ноември беше познат како Ден на Републиката, еден од најголемите празници во поранешна СФРЈ
29-ти Ноември, Денот на Републиката шест децении беше еден од најголемите празници во поранешна СФРЈ.

Со овој празник се одбележуваше годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце беше донесена одлуката за федералното уредување на Југославија.
Националниот комитет за ослободување на Југославија беше востановен на 29-ти ноември 1943 година. Тој датум ќе остане запишан како ден кога започнала да се создава новата Југославија.
Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укина со закон во ноември 2002 година.
фото: архива

