Лев банер Десен банер

Зимска уметничка резиденција со локални уметници ќе се одржи во село Вишни

Во втората половина од jануари, Вишни ќе биде домаќин на зимска резиденција каде четворица локални уметници ќе бидат првите што ќе ги истражуваат условите на локацијата пред Меѓународната уметничка резиденција оваа пролет, во рамки на проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб, Вишни“.
Станува збор за  Теодора Ежоска-современ танчер и кореограф, Дамјан Томовски композитор, Горан Ристовски визуелен уметник,  Раде Гогоски, кинематограф,  Кристина Тодороска е домаќин-куратор. Тие доаѓаат во Вишни со предлошка инспирирана од циклусот графики „Траги“ на авторот Горан Ристовски.
,,Во „Траги“ уметникот е преокупиран со антропоцениот отпечаток врз природниот пејсаж, и трансформацијата на тој пејсаж во корист на лукративните и алчни урбанистички апетити. Препознавањето на карактеристиките на локалниот пејсаж (Регионот на Охридското Езеро) во делата на Ристовски, ги прави сеуште инспиративни и потентни за истражување кои се во линија со заштитата на УНЕСКО вредностите, бидејќи во овие графики препознаваме алармантна порака за нашиот однос кон регионалното природно наследство. Уметниците за време на овој истражувачки престој, ќе се обидат да ги „преведат“ овие графички монотипии во перформативно дело, поставено на снежен сетинг во подножјето на Јабланица. Климата и водата се во фокусот на истражувањето, како фактори на изобилието на пределите на Јабланица, а специфично снегот, како една од агрегатните состојби наа водата, како симбол на мирувањето, хибернацијата и исчекувањето на новото.“-информираат од Иницијативата за независен културен активизам ИНКА.
„Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб Вишни“ е проект имплементиран од партнерите ИНКА и Мини погон, Белград, поддржан од „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија, со цел да поттикне дијалог во Западен Балкан со јакнење на културниот и креативен сектор за заголемување на социо-економскиот импакт.
Strugaonline

error: