Премиерот на Албанија Еди Рама на неговиот Facebook профил објави видео од градежните активности што се одвиваат на дел од патниот правец кој ќе води од градот Елбасан до Граничниот премин „Ќафасан“ со Република Македонија.
– Истиот е дел од Европскиот Коридор VIII. Започна асфалтирањето на делницата и целиот зафат на овој потег треба да биде готов за неколку недели и ќе може да се користи, напиша Рама.
Facebook Коментари