Спортскиот фестивал ,,Илинден“ и Поликлиника ,,Магдис“ потпишаа Меморандум за соработка

- Локални
1692
На овогодинешното издание на  Спортскиот фестивал ,,Илинден“,  Поликлиника ,,Магдис“  ќе се грижи за здравјето на сите учесници.
Претставник на фестивалот потпиша меморандум за соработка со стручниот тим на оваа поликлиника  зад која стои искусен  и посветен тим.
На Спортскиот фестивал Илинден ќе обезбедат мобилни медицински екипи како и пункт за пружање помош и медицински услуги при повреда.
Поликлиника ,,Магдис“  постои повеќе од две децении со над 5000 задоволни пациенти и голем број на медицински услуги. Во рамките на поликлиниката покрај општата и педијатриска амбуланта паралелно функционираат кабинет за физикална терапија и рехабилитација и дијагностичка биохемиска лабораторија уредени по највисоки стандарди со најнова апаратура и технологија и резултати поддржани и валидирани со внатрешни и надворешни контроли.
Дел од услугите кои ги нудат се:
-Сите видови на медицински прегледи и услуги од општа практика и педијатрија;
-ЕКГ;
-Ампуларна терапија;
-Инхалации;
-Амбулантски интервенции;
-Тест за остеопороза;
-Биохемиски анализи: комплетна крвна слика, тест за helicobacter pylori, тест за бременост, HbA1c( тромесечен шеќер), АSO, CRP, Rf и др;
-Испитувања на урина-Испитување на хормони: PSA, TSH, FT3, FT4, тироидни антитела, пролактин, D-dimeri, FSH, LH, estradiol, progesteron, testosteron;
– изработка и интолеранција на храна со 45 и 90 прехрамбени артикли
– алерго тестови и разни панели за автоимуни заболувања
-Електротерапија при спондилоза, лумбоишијалгија, гонартроза, коксартроза, остеоартрит, спортски повреди и др. состојби:
-Мануална терапија ;
-Кинезиотејп услуги;
-Магнет терапија;
-Ласер терапија;
-Вакуум терапија;
-Топлинска терапија;
-Кинезитерапија;
-Корективна гимнастика за кифози, сколиози, лордози;
-Третман после после мозочен инсулт;
-Масажи.

Facebook Коментари