Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда M L 5.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. На територијата на нашата Република, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката,
– Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,
– Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала.
Facebook Коментари