Претставата „Несфатената цивилизација“ бесплатно за публиката по повод Светскиот ден на театарот

- Локални
514

Публиката во Охрид ќе може со бесплатни билети да ужива во изведбата на претставата „Несфатената цивилизација“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ по повод Светскиот ден на тетарот, 27 март.

-Одлуката е донесена од страна на директорот на Установата, а карти може да се подигнат на билетарата по принцип прв дојден прв услужен, информираат од Центарот.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

Претставата е со почеток во 20.00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари