МВР: Во сабота во управните служби фотографирање без термин за лицата кои наполниле 18 години и немаат личен документ

- Македонија
329

Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

-Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.-стои во соопштението од МВР

фото: архива

 

Facebook Коментари