Лев банер Десен банер

Започна пролетниот распуст за учениците

Од денес до 6-ти мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст.

Оваа година покрај воведувањето на пролетен распуст има промена и во календарот за настава за основците, така што учебната година за нив ќе заврши на 17- јуни, додека средношколците завршуваат на 10-ти јуни.

Од Министерството за образование и наука, информираа дека училиштата нема да работат на 8-ми мај (среда) поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Ден претходно, на 7-ми мај скратени часови и работно време до 11:00 часот ќе има во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, односно каде се лоцирани гласачки места.

StrugaOnline

error: