Претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“ викендов ќе се игра во Струга и Вевчани

- Локални
1615

На 27 мај со почеток  во 19 часот (сабота) во продукција на театар „Крик“, а на сцената на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга премиерно ќе биде прикажана претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме … “ , комедија која добро ќе ја насмее публиката.

Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески, костимографијата е на Елена Лука, а улогите ги толкуваат  Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Велиќ.

„Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев.

Тој е маж со неуспешен брак зад себе, решен никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа како на едновечерна авантура.

Таа е девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра-очекувања, оваа средба ја прават со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти ја носат до точка на безизлезност. По пат на гласање публиката одлучува по која од понудените варијанти ќе ја градиме претставата“.

Влезот е 100 денари, а карти во предпродажба можат да се набават од понеделник до петок од 8:00 до 15:00 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Претставата во недела ќе биде прикажана и во Вевчани.

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари