Косата опаѓа поради лоша исхрана – еве што да јадете за здрава и квалитетна коса

- Здравје
1532

Косата најмногу опаѓа поради недоволно внесување на витамини и минерали.

Целокупното здравје и косата најмногу зависат од тоа што секојдневно се наоѓа на нашата трпеза. Иако косата опаѓа и поради стрес, хормонски пореметувања или промена на годишно време, сепак исхраната е од исклучително значење за здрава коса. За да имате здрава и квалитетна коса, вашата исхрана мора да биде богата со аминокиселини, витамин Е и Б, минерали и олигоелементи.

Цинк и магнезиум најмногу во организмот се внесува преку школки, соја, ориз и банани. Цинкот игра клучна улога во регулирање на разни телесни функции, од репродуктивни органи до урамнотежени хормони, а сето тоа делува на растењето на косата.

Протеините кои му се најпотребни на организмот се наоѓаат во рибата, пилешкото, говедското месо, жолчката од јајцето и во сојата.

Железото е ваш голем сојузник во борбата против губењето коса. Го има во бадемите, морските плодови, какото, лешниците и сувото овошје.

 

 

 

Facebook Коментари