Утре во Струга еколошка акција во рамки на ,,Генеракла викенд“

- Локални
289

Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND што ќе се реализира од 17-ти до 19-ти мај.

Еколошката акција во Струга е закажана за утре, 17-ти мај со почеток во 9:00 часот пред новата зграда на општината.
-Ги повикуваме сите граѓани на Општина Струга, според своите можност, да се приклучат на Генералка Викендот и заедно да го исчистиме градот. Најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро и кејовите на реката Црн Дрим. Ќе ви бидеме многу благодарни доколку учествувате на овој настан.-велат од Општина Струга.

Во рамки на ,,Генерка викенд“ oваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Strugaonline

Facebook Коментари