Мен енд Маунтен, заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, четврта година по ред ја организира масовната еколошка акција GENERALKA WEEKEND што ќе се реализира од денеска до 19-ти мај.
Еколошката акција во Струга започна утрово пред новата зграда на општината.
Од Општина Струга информираа дека најголем акцент ќе се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро и кејовите на реката Црн Дрим.
Во рамки на ,,Генерка викенд“ oваа година се чисти во сите 81 општина и во националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции чистат на над 300 локации.
Strugaonline
Facebook Коментари