Лев банер Десен банер

Со претставата ,,Госпоѓа Министерка“ Народен театар Охрид вечерва слави тринаесет години

Со претставата „Госпоѓа Министерка” денес Народниот театар од Охрид ќе го прослави својот тринаесетти роденден.

Текстот на познатиот комедиограф и сатиричар Бранислав Нушиќ го постави и режираше Благој Мицевски, а улогата на министерката Живка ја интерпретира Биљана Билаловиќ Вељаноска. Покрај неа во претставата играат и актерите: Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Претставата започнува во 20:00 часот, а билети по цена од 250 денари можат да се набават на билетарата при Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.

Strugaonline

error: