Екипата на РШ ,,Струга Динг“ го освои турнирот во Гостивар, Тино Бебекоски повторно МВП

- Локални, Спорт
617

Екипата на РШ ,,Струга Динг“ е победник на турнирот ,,Јехона 2024“ што изминатиов викенд се играше во Гостивар. Струшките ракометари во полуфиналето славеа над екипата на скопски ,,Илинден“, а во финалето беа подобри од екипата на ,,Вардар“ од Охрид.

Ракометарот Тино Бебекоски го повтори успехот од турнирот ,,5ка за ракомет“ и повторно го доби признанието најкорисен играч на натпреварот (МВП).

-Тино е по карактер тивок, не се експонира многу и не бара внимание но затоа работи максимално сконценрирано и сите задолженија ги исполнува беспрекорно. Многу е важно што освен физичко моторичкиот дел и способност, децата почнуваат и тактички да размисливаат, иако е сеуште мал веќе умее сите инструкции зададени од нас тренерите да ги реализира на терен во самата игра-изјави тренорт на РШ Струга Динг , Дејан Коцар.

Тој додаде дека на овој турнир шанса за игра добиле сите ракометари и одиграле доста зрело за своите години.

-Тоа воопшто не е случајно, туку е плод на нашата секојдневна работа со нив и нивната максимална посветеност во тренажниот процес. Видлив е напредокот кај сите деца. Предводени од капитенот Борјан Домазетоски расте бројот на носители во тимот. Задоволни сме од  успехот што го постигнавме во силна конкуренција-потенцира Коцар.

По претходна едногласна одлука од страна на целата екипа, победничкиот пехар во Гостивар го подигна ракометарот Петар Анастасиески кој е долгогодишен член на клубот но поради повреда не беше во можност да им помогне на своите соиграчи на овие турнири.

Наскоро на оваа струшка успешна ракометна екипа и гостува екипата на ГРК Тиквеш, а започнуваат и со подготовките за завршниот настан за сите групи и членови од нивната школа што се организира за дружење после секоја успешна сезона.

Strugaonline

 

Facebook Коментари