Општина Струга постави фотоволтаични панели кај резервоарот за вода во Џепин

- Локални
451
Кај резервоарот за вода во Џепин се поставени фотоволтаични панели, проектот и реализацијата на истиот е на Општина Струга. Како што информираат, целта е да се намалат трошоците за електрична енергија што се користи од пумпите за пумпање питка вода.
-Според проектот, фотоволтаичните панели значително ќе ги намалат фактурите за потрошена електрична енергија за работењето на пумпите, кои ја снабдуваат со вода населбата Делогожда од изворот, односно резервоарот кај село Џепин.-стои во општинското соопштение.
Додаваат дека и понатаму ќе продолжат со проекти во корист на граѓаните.
Strugaonline

Facebook Коментари