Инсталирани фотонапонски панели во ЈЗУ „Нефрологија“ Струга
Центарот за развој на Југозападен планси регион, во рамките на проектот „Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“, ја реализираше една од најважните активности од проектот – Инсталација на фото напонски панели од 40kW во болницата.

-Со ова активност на оваа здравствена институција ќе и се овозможи намалување на трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе се намали и загадувањето на животната средина. Со проектот се поставени соларни панели на кровот на објектот, и тоа 72 панели од по 550W, како и инвертер со снага од 40kW.-информираат од Центарот.

Проектот е подржан од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа, кофинансирање од страна на ЈЗУ „Нефрологија“ Струга.
Изведувач на работите беше економскиот оператор ЗИМАК Стретен Дооел Битола додека вредноста на проектот изнесува 1,4 милиони денари.
Strugaonline

