Охрид во сабота ќе биде домаќин на првиот турнир од Јадранската Текбол лига. На првиот од петте планирани турнири на Adriatic Teqball League (АTL) за оваа година, ќе се игра во две категории, машки сингл и машки парови, а предвидениот награден фонд е 2.000 евра.
Покрај претставниците на Република Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, предвидени се посебни покани за текерите од останатите земји од Европа, а претставниците од Грција ќе бидат специјални гости во Охрид.
,,Натпреварот ќе се одржи во две фази, првата (групна фаза) во салата „Билјанини извори” со почеток во 13:00ч, а втората фаза (полуфинална) на градскиот кеј Македонија од 18:00ч. Учеството на турнирот е бесплатно, а пријавувањето се врши на официјалната инстаграм страница на лигата – @adria_teq. “-информираат организаторите.
На натпреварот ќе учествува и еден од нашите најдобри текери, македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиновски.
Strugaonline
Facebook Коментари