На 05.06.2024 во 21.45 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид – полициска канцеларија Пештани, од слобода го лишија В.Р.Ј.(31) од Холандија. Тој, агресивно се однесувал кон медицински лица од Итната медицинска помош од Охрид и оштетил дел од опремата на амбулантното возило, по што се обидел физички да нападне полициски службеник кој преземал службени дејствија. Против него е поднесена соодветна пријава.
На 05.06.2024 во 12.50 часот, С.Ш.(57) од Охрид во полициска станица пријавил дека на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил каснат од куче скитник.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари