Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“ ќе се одржи 14-ти до 17-ти август

- Локални, Спорт
496
Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“ објави нов термин за одржување. 52-зидание годинава ќе се одржи од 14-ти до 17-ти август на Отвореното игралиште во Струга.
,,Новиот термин го одредивме во духот на фер-плејот и за да ја задржиме традицијата со нашиот турнир да се отвори новата ракометна сезона“-информираат од дирекцијата на турнирот.
Оваа година, за престижната титула победник на Меѓународниот ракометен турнир „СТРУГА 2024“ ќе се натпреваруваат шест екипи од кои три домашни екипи веќе прифатиле да учествуваат.
Додаваат дека имињата на клубовите учесници ќе бидат објавени наскоро.
Strugaonline

Facebook Коментари