Во понеделник во Охрид промоција на книгата „Охридски писатели за деца и младинци“

- Локални
305

„Охридски писатели за  деца и младинци“ е најновата книга на авторите Димитар  Пандев  и Славе Ѓорѓо – Димоски што деновиве излезе од  печат во издаваштво  на Општина Охрид и градоначалникот Кирил  Пeцаков.

Промоцијата на книгата  „Охридски писатели  за деца и младинци“ е закажана за понеделник (10. 06 2024 г.) во 11ч. во големата сала на Општина Охрид, а промотор  ќе биде м-р Ирена Бачиќ.

Овој  труд е дел од едицијата  „Охридско книжевно наследство“ во чии рамки претходно локалната власт издаде девет трудови од горе споменатите автори.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари