Општинската организација на Црвен крст во Струга објави повик за пријавување кандидати за курс/обука за спасители на отворени води што ќе се реализира од 20-ти до 30-ти јуни.
Обуката кoja содржи теоретски и практичен дел, ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода според стандардите на Меѓународната федерација за безбедност на вода.
,,Кандидатите треба да бидат постари од 17 години (да достават соодветен доказ, извод на родени, лична карта), да знаат да пливаат и да имаат психофизички предиспозиции за спорт, како и да обезбедат и достават потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од шест месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа“-стои во повикот.
Краен рок за пријавување е 19-ти јуни. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во просториите на Црвен крст Струга или на телефонскиот број 046 786-014
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари