Tриатлонците Матео Мачоски и Јован Кутаноски од триатлон и пливачкиот клуб ,,3Дисциплини-Струга, го освоија третото место во нивната категорија на 37-мото издание на Државниот и Меѓународен Триатлон натпревар Неуфелд, Австрија.

-Нашите триатлонци се натпреваруваа во силна конкуренција со триатлонци од Романија, Германија, Унгарија, Словенија, Бугарија, Австрија и Македонија и само го потврдија епитетот најдобри. Честитки упатувам и за Тија Кукунешоска и Виктор Опетчески за одличниот пласман-изјави за Strugaonline тренерот Никола Кутаноски.
Тој упати голема бладарност до сите македонци кои живеат во Австрија за неизмерната поддршка.
,,Посебно сакам да се заблагодарам до сите стружани и охриѓани кои живеат во Граз и Виена. Оваа трка им ја посветуваме токму нив. Имавме голема поддршка од нив за време на престојот и натпреварувањето во Австрија“-потенцира Кутаноски.
Следен предизвик за струшките триатлонци е Државното триатлон првенство во Дојран што ќе се одржи следниот викенд.
Strugaonline
Facebook Коментари