Изминатиов викенд Струга беше домаќин на дваесеттото јубилејно издание на Меѓународната веслачка регата „Струга Опен“ на која учествуваа над 60 веслачи во пионерска, кадетска и јуниорска конкуренција.
,,Во Струга се натпреваруваа веслачки клубови од Грција, Бугарија, Србија и домаќинот, ВК Црн Дрим од Струга. Бројката од 60 веслачи претсавува најголема посетеност во историјата на регатата.“-информираат организаторите.
Најуспешни меѓу струшките веслачи беа Ана Прентоска со два златни медали во дисциплината ,,скиф“ во пионерска и кадетска конкуренција, Климентина Стојмилоска освои златен медал во скиф за јуниорки, Кристијан Китаноски се закити со злато во категорија скиф, а злато освои и во дубл заедно со Цвете Димоски.
Леон Шутиноски освои златен медал во скиф и бронзен во дубл со Цвете Димоски. Александар Хиохи се закити со сребрен медал во скиф и бронзен во дубал заедно со Вања Кукунеш во пионерска конкуренција.
Strugaonline
Facebook Коментари