Лев банер Десен банер

Меѓународна школа за итна медицина наменета за студенти ќе се одржи во Охрид

Меѓународна школа за итна медицина ќе се одржи летово во Охрид.

Настанот ќе се одржува од 5 до 9 јули, а во организација на Универзитетот од Глазгов.

Меѓународната школа за итна медицина, е наменета за студенти, а ќе бидат обработени повеќе теми: толкување на ЕКГ, имобилизација, интубација, трахеотомија, реанимација и друго.

За студентите, организаторите ќе организираат и натпревари и забавни активности.

Извор : ОхридПреc

error: