Земјотрес со епицентар во соседна Албанија почувствуван и во Струга

- Локални
807

Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар силен земјотрес со интензитет од 4.4 степени според Рихтеровата скала денеска околу  12:30 часот бил регистриран во соседна Албанија. Истиот беше почувствуван во неколку градови од западна Македонија вклучувајќи ја и Струга.  Земјотресот е со епицентар на 43 километри северо-источно од Тирана на длабочина од 10 километри.

Facebook Коментари