Промоција на монографијата „Свети исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска„ утре во Вевчани

- Локални
686

Под мотото ,,80 години од ослободувањето на Република Македонија и 80 години слободно Вевчани“ во тек е најновото издание на манифестацијата ,,Вевчанско културно лето-Вевкул 2024“

По повод овие чествувања, утревечер со почеток во 19:00 часот во храмот Свети Никола во Вевчани ќе се одржи Промоција на монографијата „Свети исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска„ од авторите : проф. Д-р Виктор Недески и ставрофорен протопрезвитер Александар Димоски.

Организаторите најавуваат дека на истата локација ќе се случи и промоцијата на книгата со песни „Вевчани во срце те носам“ од отец Зоран Попоски, а во клубот на пензионери во Вевчани ќе биде промовиран романот „Мртва коска“ од Димче Парталоски кој во 2023 година за овој роман ја доби наградата ,,Пегаз“.

-Во рамки на овие значајни одбележувања планирана е и промоција на стихозбирката „Цветни симфонии“ од ученичката Стефанија Џутеска од село Пискупштина – струшко. На 16 септември во 19:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Кординати на болката “- песни од Александра Спасевска. Програмата вклучува и изложба на фотографии на тема: „ Руралната жена од Дримкол низ објективот“ – од фоторепортерот Стојан Кукунешоски. Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ја посетат изложбата на карикатури на тема: „Губилиште“ од Анастас Ќушкоски, писател, уметнички фотограф и карикатурист-информираат од дирекцијата на ,,Вевкул 2024“

Додаваат дека на 8 – ми септември  ќе се одржи традиционалната средба на сите поранешни фудбалери на ФК „Дримкол“ од Вевчани, и други љубители на фудбалот. Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Вевчани ќе се одржи креативна работилница за учениците со наслов „Сакам да бидам новинар – Како да станам писател“ . Водител на работилницата ќе биде Мишо Китаноски, новинар и активист за култура.

Според најавената програма, на фестивалот годинава ќе гостува и литванската авторка Моника Вајценовизене која ќе одржи креативна работилница на тема „Што е река“

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари