Струга Трим Лум славеше против ерменски Пјуник, реваншот се игра следниот вторник

- Локални, Спорт
192

Македонскиот шампион Струга Трим Лум со резултат 2-1 славеше против ерменски Пјуник во првиот натпревар од второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

 

Струга поведе од пенал во осмата минута кога Ибраими ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0, но ерменската екипа потоа преку Вилела од пенал израмни на 1-1.

Победата за струшката екипа ја донесе Стефан Спировски, голот вреден победа тој го постигна во 73-та минута од натпреварот.

Реваншот меѓу Струга и Пјуник се игра следниот вторник.

Strugaonline

фото: FC Struga

Facebook Коментари