ЦЈЗ Охрид: Водата во Охридското Езеро може да се користи за капење, реките што се влеваат и понатаму се загадувачи

- Локални
306
Во рамки на својата дејност и надлежности за вршење на контрола на саанитарно-хигиенскиот квалитет на површинската вода во Охридското езеро, од македонска страна, како и водата во реките кои се вливаат во Охридското езеро, од македонска страна, Центар за јавно здравје Охрид, во периодот од 10 до 24 јули 2024 изврши узоркување и физичко-хемиска и микробиолошка анализа на преку 30 примероци на површинска вода, земени во крејбрежниот дел од Охридското езеро-капалишта, на потегот од плажа Св.Наум до с. Радожда.
-Резултатите од анализираните примероци на водата во крајбрежниот појас на Охридското езеро, од македонска страна, делот кој најчесто се користи за капење, спорт и рекреација, во наведениот период се категоризира, хемиски на ПРВА, а микробиолошки на ОДЛИЧНО, што според соодветната законска регулатива, оваа површинска вода може да се користи за капење, спорт и рекреација-информираат од ЦЈЗ Охрид.
Според извештајот, квалитетот на површинската вода од трите реки кои се вливаат во Охридското езеро од македонска страна, река Велгошка, река Коселска и река Сатеска, во месец јули останува непроменет како и во претходниот период-месец мај-јуни, односно реките се категоризираат, хемиски на втора/трета класа, а микробиолошки на незадоволително, односно на петта класа. Согласно постоечката законска регулатива, овие реки претставуваат загадувачи на Охридското езеро.
-Висока моќ на самопрочистување на Охридското езеро придонесува, капалиштата, во најголемиот дел да ги задоволуваат законските прописи и норми за површинска вода која може да се користи за капење, спорт и рекреација.-потенцираат од ЦЈЗ Охрид.
Оттаму апелираат до сите посетители на капалиштата и капачи да се придржуваат кон основните хигиенски норми и правила на однесување насочено кон зачувување на квалитетот на животната средина.
Strugaonline

Facebook Коментари