Лев банер Десен банер

Вечерва ќе се одржи третото издание на настанот „Вкусете го Охрид – локално“

„Слоу фуд Охрид“ по третпат го организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“, што вечерва ќе се одржи на плоштадот кај „Долна Порта“.Посетителите ќе имаат можност да вкусат различни специјалитети кои се дел од охридската гастрономска приказна и да се запознаат со бројни локални производи.

-„Слоу Фуд Охрид“ е дел од „Слоу Фуд Македонија“ и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.-информираат од Општина Охрид.

„Вкусете го Охрид, локално“  се организира со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“.

Почетокот е закажан за 19:00 часот.

Strugaonline

error: