Билтен на СВР Охрид: Eксплозија од плинска боца во куќа во Велгошти, тешко повреден охриѓанец, пожар во возило во Охрид…

- Локални
797
На 10.08.2024 година во 16,35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на С.П. од охридското село Велгошти, при испуштење плин од неисправна плинска боца, настанала експлозија. Притоа, И.С.(58) од Охрид, кој го испуштал плинот, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на Јавен обвинител увид на местото извршија полициски екипи.

На 10.08.2024 година во 19,20 часот, во патничко возило „Застава” со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.Ц.(55) од Охрид, паркирано на улицата „Дејан Војвода” во Охрид, избувнал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари