Во текот на вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 45 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 3 се под контрола и 32 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во регионот на Охрид, активен е пожарот на планината Галичица кој се шири во правец од врвот „Магаро“ кон Стење, каде гори нискостеблеста вегетација.
– Под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина, каде гореше ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума, посочуваат од од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е изгаснат е пожарот кај селото Опеница каде гореше мешана шума и оној во Општина Струга, на потегот кај селата Долно Татеши и Добовјани, каде гореше ниска вегетација.
Strugaonline
фото: ТППЕ Охрид
Facebook Коментари