Црвен крст-Струга распиша конкурс за негувателки за стари лица

- Локални
284

Црвен крст-Струга распиша конкурс за обука за негувателики за помош и нега на стари лица.

Според  истиот,  од денеска до 26-ти август можат да се пријавуваат сите заинтересирани невработени жени кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувателки.

-Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија,  да имаат наполнето 18 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да бидат мотивирани за вклученост во серверот за нега во домашни услови , при Општинската организација на Црвен крст-Струга по завршување на обуката –стои во конкурсот.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата [email protected]

Телефонски број за контакт 070 276-244.

Од Црвен крст додаваат дека секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари