,,Предмети што зборуваат“ е насловот на театарската претстава за деца и млади што во петок ќе се игра во Домот на култура во Вевчани, а во рамки на манифестацијата ,,Вевчанско лето 2024“
Претставата е во драматизација и режија на Аспасија Чочороска, под менторство на Роза Чочороска Китрозоска.
-Улогите ги толкуваат Геновеа Калајџиеска, Розета Бебекоска, Аспасија Чочороска, Ламбуш Бебекоски, Анастасија Кочовска, Евгенија Пешиноска, Михаела Влајнкиноска и Ирина Димитриеска. Предметите за потребите на претставата ги изработија Геновеа Калајџиеска, Евгенија Пешиноска и Кристина Русеска. Кореографијата е дело на Ивана Плушкоска. Музиката е на Игор Пешиноски-информираат организаторите.
Влезот е слободен.
Strugaonline
Facebook Коментари