Лев банер Десен банер

Клубот 3дисциплини од Струга освоија рекордни 56 медали на второто издание на „Ohrid water festival“

На вториот интернационален пливачки митинг под организација на ПК “Аква Спирит” од Охрид во склоп на “Ohrid Water Festival” оваа година учество земаа 10 клубови од земјава и странство. Со клубови од Србија, Косово, Австралија и Македонија.

Клубот 3дисциплини од Струга настапи со 21 натпреварувач, и освоија рекордни 56 медали.

Вредно да се напомене е што освен многуте медали освоени во категорија, имаат и 4 медали во апсолутна категорија и еден пехар за апсолутен победник во категорија.

“Со гордост објавуваме дека нашиот пливачки клуб постигна извонредни резултати на овој митинг! Благодарение на посветеноста, трудот и тимската работа, нашите пливачи освоија многу медали, вкупно 56. Честитки за сите наши пливачи а посебно за најмалите кои успеаја да земат места иако многу помали во категорија. Најголема радост е за сите тие што успеаја дури и за прв пат да завршат трка, за нивните први официјални времиња. За оние што ги подобрија нивните претходни времиња и си поставија цел за нови подобри со место на пиедестал” – велат од ,,3 Дисциплини“.

Ова се натпреварувачите со освоени медали:

Јован Кутаноски

Златен медал – 50 м краул, 100 м грбно, 100 м делфин, 100 м прсно, 100 м краул, 50 м делфин, 50 м грбно;
Сребрен медал – 50 м прсно;
бронзен медал – 100 м прсно апсолутна и пехар за најдобар пливач.

Виктор Опетчески
Златен медал – 50 м прсно;
Сребрен медал – 100 м грбно, 100 м делфин, 50 м краул, 100 м прсно, 50 м делфин, 100 м краул, 100 м прсно апсолутна;
Бронзен медал – 50 м грбно.

Хади Исмаилоски
Сребрен медал – 50 м краул, 100 м грбно, 100 м делфин, 50 м прсно, 50 м делфин;
Бронзен медал – 100 м краул.

Матеј Лазороски
Бронзен медал – 50 м краул, 100 м делфин, 100 м краул, 50 м делфин.

Леонтина Џероска
Сребрен медал – 50 м прсно, 100 м краул, 50 м прсно;
Бронзен медал – 50 м краул.

Софија Кутаноска
Бронзен медал – 50 м краул, 50 м делфин;
Сребрен медал – 100 м краул.

Стефанија Кутаноска
Бронзен медал – 100 м краул.

Јана Билетина
Бронзен медал – 50 м прсно.
Сребрен медал – 100 м прсно.

Дарија Магдис
Сребрен медал – 100 м делфин, 50 м грбно;
Бронзен медал – 50 делфин.

Бона Кукунешоска
Златен медал – 100 м делфин, 100 м прсно;
Сребрен медал – 50 м делфин.

Мона Кукунешоска
Сребрен медал – 50 м прсно;
Бронзен мефал – 100 м прсно.

Тија Кукунешоска
Бронзен медал – 100 м делфин; 100 м грбно апсолутна;
Сребрен медал – 50 м делфин, 50 м делфин апсолутна.

Петар Анастасиески
Златен медал – 100 м делфин, 50 м делфин;
Сребрен медал – 100 м краул;
Бронзен медал – 50 м грбно.

Дамјан Цветаноски
Бронзен медал – 100 м прсно.

Никола Кутаноски
Сребрен медал – 50 м слободно – Мастерс

Успешен и одличен настап имаа, Олса Орани, Христијан Нически, Тара Цома, Дрени Влаши, Ѓорѓи Цветаноски, Бисера Кутаноска.

StrugaOnline

error: