Два пожари во Струга брзо и успешно изгаснати од ТППЕ Струга

На 25.08.2024 во 19.45 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во нива со родни дрвја во атар на с.Мислешево, струшко.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 25.08.2024 во 15.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Струга настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Б.А.(68) од Струга.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

